Достапни линкови

Во април 66 отсто од потрошената струја била домашно производство


Бруто-домашното производство на електрична енергија во април годинава учествува со 66,7 проценти во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 91,6 проценти од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во Македонија во април годинава се потрошени 539.955 мегават часови електрична енергија, 6.391 милиони нормални метри кубни природен гас, 291.161 тон јаглен и 84.814 тони нафтени продукти, соопшти ДЗС.

XS
SM
MD
LG