Достапни линкови

Јанева: Нема истрага за „Скопје 2014“ без детална проверка


Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска изјави дека „се додека не се проверат сите документи и не биде утврдено каде завршиле буџетски пари, кај кои физички или правни лица се одлеале, дали се тие во Македонија или надвор и кој ги користи, нема да се отвори истрага за одредени лица кои се директно инволивирани во проектот Скопје 2014“.

На конференцијата „Заробена држава - илустрирана преку случајот - изградба на проектот ’Скопје 2014’“, која денеска ја органиизраше Транспаренси Интернешнл-Македонија, Јанева рече декаво моментот кога СЈО ќе смета дека има доволно основано сомневање за сторени кривични дела од физички или правни лица, ќе ја отворат истрагата затоа што, рече, работат на анализа на докази и материјали што ги собираат на законит начин.

СЈО над од две години води предистражна постапка за „Скопје 2014“, а индиции за него биле телефонски разговори и начинот на кој се градел.

XS
SM
MD
LG