Достапни линкови

„Паис“: Нема американска виза за Солана


Поранешниот генерален секретар на НАТО Хавиер Солана, доби забрана за влез во САД, објави шпанскиот весник „Паис“, а пренесоа западните новински агенции.

Забраната, како што пишува „Паис“, е поради негово патување во Иран, една од земјите која американскиот претседател Доналд Трамп ја стави на „црната листа”, односно „на Солана, кој требало да одржи говор во институтот Брукингс во Вашингтон, му е одбиена американската виза преку електронскиот систем поради посета на непријателска држава.

Весникот објави дека „извори од американската амбасада во Мадрид не сакале да го коментираат случајот, но изјавиле дека американскиот електронски систем за авторизација на патувањата (ЕСТА) автоматски ги отфрла барањата на луѓето кои посетиле која било од седумте земји опфатени со забраната за патување во САД, а тие земји се Ирак, Сирија, Иран, Судан, Либија, Сомалија и Јемен.

Солана ги негорал овие информации и изјавил дека процесот за добивање американска виза е во тек.

XS
SM
MD
LG