Достапни линкови

Симулација на Пентагон: Русија ќе го порази НАТО поради лоши патишта


Европските патишта не можат да ги издржат американските тенкови, покажала симулацијата на Пентагон

Со симулација на војна Пентагон утврдил дека во случај на воен конфликт со Русија во Европа, НАТО ќе претрпи пораз поради лоша патна мрежа и бирократија, објави американскиот весник „Вашингтон пост“.

Според резултатите од симулацијата, американските тенкови и оклопни возила би заглавиле поради тесни патишта и слаби мостови кои не можат да ја издржат нивната тежина, а тешко би одело и преминувањето на границите на европските земји.

„Во текот на најмалку едни воени вежби на Белата куќа, кога имало симулација на војна со Русија, таа покажала дека логистичките тешкотии би биле причина за пораз на НАТО“, објави весникот.

XS
SM
MD
LG