Достапни линкови

Дигитална агенда за Западен Балкан, одобрени 220 милиони евра


Како дел од стратегијата на ЕУ за проширување во регионот, денеска ќе биде стартувана Дигиталната агенда за Западен Балкан.

Главни области на оваа агенда се намалување на трошоците на роамингот, широкопојасниот интернет, развојот на е-влада, е-набавки, е-здравство и дигитални вештини, градењето капцитети во дигиталната доверба и безбедност паралелно со напорите за подобрување на дигитализацијата на индустриите и донесување, спроведување и јакнење на “acquis“ системот.

Пакетот за поврзување за 2018 година има на располагање 220 милиони евра ЕУ грантови, од кои 190 милиони евра за проекти за поврзување и 30 милиони евра за техничка поддршка за подготовка на дигитални проекти.

Агендата почнува на Дигиталното собрание 2018, што денеска и утре се одржува во Софија, во организација на Европската комисија и Бугарското претседателство со Советот на Европската унија.

XS
SM
MD
LG