Достапни линкови

Ердоган победник уште во првиот круг од претседателските избори


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Истанбул, 24.06.2018.

Турската изборна комисија соопшти дека Реџеп Таип Ердоган победи на претседателските избори уште во првиот круг со што тој добива нови овластувања како шеф на државата. „Ердоган победи со апсолутно мнозинство и со сите важечки гласови“, изјави денеска во Анкара Сади Гувен, шеф на Централната изборна комисија. Претходно државната телевизија јави дека со 99 насто од пребројаните гласови, Ердоган имал 52,5 проценти, додека неговиот главен ривал Мухарем Инче 31 насто. Во Турција истовремено вчера се одвиваа и парламентарни избори. Според првичните неофицијални резултати, владејачката Партија на правдата и развојот победи со 42 насто, додека опозициската Републиканска народна партија имала 23 проценти од гласовите. Одѕивот и на претседателските и на парламенатрните избори бил 87 насто.

XS
SM
MD
LG