Достапни линкови

Коѕијас денеска треба да ги прати писмата до ЕУ и НАТО


Потпишувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот со името, Псарадес, Грција, 17.06.2018.

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас денеска, како што јавува МИА, би требало да ги испрати писмата до ЕУ и НАТО, дека Грција нема да се противи за европска и евро-атлантска интеграција на Македонија, што е исполнување на нејзинот дел од обврските од Договорот за решавање на спорот за името. Коѕијас говорејќи пред новинарите на крајот од конференција на грчкиот остров Родос во петокот, потврди дека ја добил нотата од македонското МНР оти Договорот е ратификуван. Тој објасни дека за да има напредок „потребен е позитивен договор на Советот за општи работи, а таму постојат тешкотии“, бидејќи, како што рече, има земји што се спротивставуваат во овој момент да се даде датум за почеток на пристапни преговори со ЕУ. Според Коѕијас, проширувањето на ЕУ со Македонија и Албанија ќе се разгледува денеска. Советот на ЕУ за општи работи денеска и утре ќе разгледува почеток на пристапни преговори на Албанија и на Македонија, а в четврток и петок е состанокот на шефови на држави и влади на членките на Унијата.

XS
SM
MD
LG