Достапни линкови

Во Брисел нова рунда од дијалогот Србија-Косово


Претседателите на Србија и Косово се состанаа во Брисел. 31 август 2018.

Во Брсел се одржува нова рунда од дијалогот меѓу Србија и Косово во која учествуваат претседателите на Србија и Косово Александар Вучиќ и Хашим Тачи, а се одвива со посредство на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска изјави дека очекува договор меѓу Србија и Косово да биде постигнат најдоцна до март 2019 година.

Тачи и српскиот претседател Александар Вучиќ денеска имаа одделни средби со европската претставничка Федерика Могерини, пред нивната заедничка средба планирана за подоцна во текот на денот.

XS
SM
MD
LG