Достапни линкови

Османи: Недобивањето датум од ЕУ може да има последици врз Договорот


Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи

Недобивањето датум за пристапни преговори со ЕУ, би предизвикало разочарување, но и последици врз имплементацијата на Договорот и врз исходот од референдумот, смета вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.

Во интервју за денешното издание на грчкиот весник „Realnews“, Османи вели дека доколку на претстојниот Самит на ЕУ не се донесе одлука за почеток на пристапни преговори ќе се разочараат сите што учествуваа во процесот и од двете страни, но, „уште поважно е разочарувањето што ќе се создаде кај политичките сили кои позитивно го третираа договорот и во двете земји“.

"Сигурно ќе биде огромно уназадување во врска со дополнителното имплементирање на договорот, ставајќи го во опасност исходот од референдумот и дополнително ќе ја ризикува поддршката за предвидените уставни промени итн. Нашата земја е важен партнер за ЕУ во областите како што се безбедноста, управувањето со мигрантската криза и справување со терористичките закани, а задоцнувањето на европската перспектива може да предизвика едно огромно назадување и во овие области", вели Османи.

XS
SM
MD
LG