Достапни линкови

Турција: Обвинувања за изборни нерегуларности


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за време на предизборниот митинг во Газиантеп, 21 јуни 2018 година

Лидерот на главната турска опозициска Републиканска народна партија Кемал Киличдароглу изјави дека се забележани изборни нерегуларности во југоистчниот дел на земјата и упати апел до набљудувачите да „не забораваат дека се државни службеници“, а не „се во служба на политичка партија“.

Претседателот на турската Изборната комисија, Саид Гувен истакна дека се покренати „административни и кривични процедури“ против сторителите.

Претходно на социјалните мрежи беа објавени видео снимки на кои се гледа групно гласање во градот Суруџ, во провинцијата Санлијурфа.

Во Турција денеска се одржуваат претседателски и парламентарни избори. Во претседателската трка покрај актулениот претседател Реџеп Тајип Ердоган, учествуваат и пет други кандидати - Догу Перинчек, Мерал Aксенер, Мухарем Инџе, Селахатин Демирташ и Tемел Карамолаоглу.

XS
SM
MD
LG