Достапни линкови

Во Брисел мини-самит за миграцијата


Мигранти и бегалци

Лидерите на ЕУ се состануваат во Брисел на мини-самит со цел наогање решение на миграциската криза што ја потресува Европа. На самитот учествуваат лидерите од 16 земји членки на ЕУ.

Тензиите меѓу членовите на Унијата се сеуште се високи околу прашањето за мигрантите и покрај наглото намалување на пристигнувањето на мигранти од 2015 година, кога во блокот влегоа повеќе од 1 милион сириски баратели на азил и други бегалци, кои најмногу бегаат од војните во Иран и Сирија.

Унгарија, Полска, Словачка и Чешка од т.н. Вишеградски група - рекоа дека ќе го бојкотираат учеството, поради противењето на повиците од западните партнери на ЕУ, особено Германија, сите земји-членки да го "споделат товарот" и да прифатат квота на мигранти.

XS
SM
MD
LG