Достапни линкови

Приведени 9 лица по синоќешните протести


Протест против промена на името пред Собрание

Девет лица се приведени во акција на полицијата за одржување јавен ред и мир откако во текот на синоќешниот јавен собир во Скопје повеќе лица со маски - фантомки фрлале со камења кон полицискиот кордон, соопшти МБР

"Во текот на вчерашниот јавен собир во Скопје, пред зградата на Собранието, околу 21:40 часот, повеќе лица со маски – фантомки почнаа со фрлање на камења кон полицискиот кордон, но веднаш потоа се повлекоа во правец кон Жена парк. При преземање на мерки и активности за одржување на јавниот ред и мир и извршен преглед кај повеќе лица на неколку локации во центарот на Скопје, приведени се девет лица кај кои се пронајдени пиротехнички средства, боксирач, скалпер, фантомки, заштитни маски со филтер и други предмети" се наведува во соопштението".

Против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

XS
SM
MD
LG