Достапни линкови

ФИФА: Постапки за косовските натпреварувачи, но и за српскиот тренер


Светско првенство во фудбал. Србија-Швајцарија. 22 јуни 2018 година Швајцарецот со косовско потекло Џердан Шаќири слави.

Светската федерација з а фудбал соопшти дека е започната истрага за случајот со двјцата швајцарски натпреварувачи со косовско потекло кои со рака го гетикулираа орелот на албанското знаме, по дадениот гол на натпреварот со Србија. ФИФА, која забранува политички пораки или симболи на стадионите, објави дека на двајцата играчи може да им бидат забранети две натпревари доколку се утврди дека ги прекршиле прописите.

Швајцарија на 22 јуни ја победи Србија со 2: 1, а натпреварувачите Гранит Џака и Џердан Шаќири, кои се етнички Албанци, со прсти покажаа двоглав орел кој го асоцира албанското знаме. Шаќири, рече дека неговиот гест е "емоционален", а не политички. Шаќири е роден во Косово.

ФИФА соопшти дека исто така го испитува случајот со тренерот на Србија, Младен Крстајиќ во врска со изјава по дулот 2. на Мундијалот. Нему на товар му се става изјава дека судијата Феликс Брајх од Германија треба да биде испратен во трибунал за воени злосторства поради неговата одлука да не и додели на Србија пенален удар на натпреварот во 66.минута.

XS
SM
MD
LG