Достапни линкови

Учесници на парадата на гордоста во Солун фрлени во море


Геј активист го држи знамето с со виножито за време на Парада на гордоста.

Парадата на гордоста во Солун, како што јави МИА, помина масовно и заврши мирно, а ја одбележа и инцидентот што се случи кусо пред почетокот.

Две лица, 45-годишен Грк и 36-годишен Италијанец биле нападнати од група непознати лица, а по вербалниот напад, следел и физички, кога двете лица биле фрлени во морето. Според локалните медиуми, еден од двајцата имал знаме со боите на виножитото и постои сомневање дека станува збор за хомофобичен напад.

Гркот и Италијанецот, не биле повредени, а случајни минувачи помогнале тие да бидат извлечени од морето.

Полицијата привела четири лица за кои се сомнева дека стојат зад нападот.

На седмата солунска парада на гордоста имало и претствници од Мкаедонија, а според објавените фотографии од солунските медиуми, тие парадираат со развиорени македонски знамиња.

XS
SM
MD
LG