Достапни линкови

Избори во Турција, на тест моќта на Ердоган


Претседателски и парламентарни избори во Турција

Во Турција се одржуваат претседателски и парламентарни избори кои претставуваат тест на моќта на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, по повеќе од 15 години растечко авторитарно владеење. Претходно поделените опозициски партии се здружија во слаб сојуз, во обид да се стави крај на, како што наведуваат, напредокот на Ердоган кон "владеење на еден човек".

Ердоган во април објави дека претседателските и парламентарните избори ќе се одржат на 24 јуни, 17 месеци порано од планираното, што е потег оценет како обид тој да ја зацврсти својата власт. Според уставните амандмани одобрени по контроверзниот референдум во 2017 година, Турција прави транзиција од парламентарен кон претседателски систем , давајќи му повеќе овластувања на претседателот. Измените ќе стапат на сила по изборите.

Сепак, Ердоган и неговата владејачка партија би можеле да се соочат со посилна конкуренција од првично очекуваното. Анкетите покажуваат дека претседателските избори би можеле да влезат во вториот круг од изборите на 8-ми јули и дека Партијата за правда и развој (АКП) би можела да го загуби своето парламентарно мнозинство по 16 години. Водечкиот противкандидат на Ердоган е Мухарем Инче од главната опозициска Републиканска народна партија, секуларистичка групација. Лидерот на Републиканската народна партија е поддржан од новоформираната Национална алијанса, која заедно со секуларните социјалдемократи, вклучува конзервативци од десниот центар, националистички либерални конзервативци и конзервативни исламисти.

XS
SM
MD
LG