Достапни линкови

Помпео побара од Франција да не ја блокира Македонија за НАТО и ЕУ


Државниот секретар на САД Мајк Помпео

Државниот секретар на САД Мајк Помпео побара од Франција да не го блокира пристапувањето на Македонија во НАТО и ЕУ.

Во разговор со шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан, Помпео побарал по постигнатиот договор меѓу Скопје и Атина, Париз да ги поддржи аспирациите на Македонија за членство во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ, пренесе МИА.

"Државниот секретар Помпео побара од франускиот министер за надворешни работи Ла Дриан да ја поддржи поканата од НАТО за приклучување на Македонија, како и отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ, по потпишувањето на договорот за името меѓу Грција и Македонија", се наведува во соопштението објавено на веб страницата на Стејт департментот

XS
SM
MD
LG