Достапни линкови

Зградата на ВМРО ДПМНЕ обоена по протестите


Седиштето на ВМРО ДПМНЕ

По синоќешниот протест против промена на името, фрлено е со црвена боја врз зградата на централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, а партијата обвини дека штабот е нападнат и каменуван.

Од опозициската партија се сомневаат дека одговорност за нападот имаат структури блиски до власта кои дејствувале по принципот на шарената револуција, со цел, како што се вели во партиското соопштение, да го втурнат ВМРО ДПМНЕ во насилство за полесно да се делегитимира борбата против договорот за името.

XS
SM
MD
LG