Достапни линкови

Швајцарскиот тренер со критики за гестикулацијата на Светскиот куп


Швајцарскиот натпреварувач со косовско потекло Џехдар Шаќири на Светското првенство 2018 година

Двајцата играчи од швајцарскиот национален фудбалски тим со косовско потекло, предизвикаа контроверзии за навидум политичкиот гест, по постигнувањето победа на синоќешниот натпреварот со Србија на Светскиот куп . Швајцарскиот тренер Владимир Петковиќ по натпреварот ги укори играчите, велејќи дека фудбалот и политиката "никогаш не треба да се мешаат". "Добро е да се биде обожавател и важно да покажеме почит", рече Петковиќ.

Двајцата играчи, Џердон Шаќири и Гранит Џака, покажаа со прсти двоглав орел кој го асоцира албанското знаме, откако постигнаа гол на натпреварот во рускиот град Калининград. И двајцата играчи имаат потеколо од Косово.

Шаќири, рече дека неговиот гест е "емоционален", а не политички. Шаќири е роден во Косово.

Џака е роден во Швајцарија, но неговите родители се етнички Албанци кои во таа земја дошле од српскиот град Куршумлија

XS
SM
MD
LG