Достапни линкови

Приведени лица за нападот врз директорот на пазарниот инспекторат


Полиција.МВР

Директорот на Државниот пазарен инспекторат и поранешен пратеник на СДСМ, Стојко Пауновски, заедно со неговиот син вчера биле нападнати во угостителски објект во Тетово. Од МВР информираат дека се приведени три лица.

„Вчера е приведен В.О. (20) од Тетово, а во полициска станица извршен е разговор и со А.Б. (20) од Тетово и И.В. (18) од Тетово во врска со случајот пријавен од С.П. (56) дека истиот ден околу 02.10 часот во угостителски објект три непознати лица физички го нападнале неговиот син Н.П.(23)“, велат од МВР. Од таму додаваат дека по целосно документирање на случајот, против трите лица ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Пауновски на својот профил на Фејсбук раскажа што се случило, и наведува дека неговиот син бил нападнат без причина.

„Без никаков повод, доаѓајќи дома, син ми беше физички нападнат од група Албанци под дејство на алкохол и дрога, пред влезот на зградата во која живееме. Ме разбуди ќерка ми која случката ја видела од тераса, и како и секој родител, слегов веднаш да си го одбранам детето, по што физички бев нападнат и јас. Случајот беше уредно пријавен во полиција, а сторителите приведени уште вчера“, напиша Пауновски и додава дека не сака политизирање на настанот.

XS
SM
MD
LG