Достапни линкови

Костадинов: На референдумот да кажеме "ДА" за македонската иднина


СДСМ

"Пред сите нас е историска можност. Граѓаните на рефернедум ќе го имаат последниот збор", изјави пратеникот од редовите на СДСМ Костадин Костадинов, кој ги повика граѓаните да кажат "ДА" за гарантиран идентитет и влез во ЕУ и НАТО

"Да ја искористиме таа шанса. На референдум одлучно да кажеме ДА за гарантиран македонски идентитет, одлучно да кажеме ДА за влез во НАТО и ЕУ, да кажеме ДА за македонската иднина" изјави Костадинов

Тој рече дека Владата предводена од СДСМ, преку успешната надворешна политика, преку градење пријателства, сојузништва, реформи и решавање на проблемите, за една година ја врати Македонија на вистинскиот евроатлански пат,

"Постигнат е историски Договор со кој се решава деценискиот спор што земјава ја влечеше надолу. Македонија оди напред, обезбеден и зајакнат е македонскиот идентитет, отворени се вратите на НАТО и ЕУ. Успесите и лидерството се проепознаени од целиот демократски свет" рече Костадинов.

XS
SM
MD
LG