Достапни линкови

На Богородица се чека за влез во Грција


Граничен премин.

АМСМ соопшти дека утринава има зголемен број возила на граничниот премин Богородица за влез во Грција

Од таму наведуваат дека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково

XS
SM
MD
LG