Достапни линкови

Делегација на САД во посета на Русија


Руското знаме се вее во близина на амбасадата на САД во Москва.

Висока американска делегација наскоро ќе ја посети Москва и Санкт Петерсбург, потврдија сенаторите Џон Кенеди од Луизијана и Ричард Шелби од Алабама. Посетата е дел од патувањето организирано од страна на американскиот амбасадор во Русија, Џон Хантсман.

Според Шелби, во план се средби на високо ниво. Кенеди изјави дека се надева оти ќе се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин и дека со властите ќе разговараат за заеднички интереси и проблеми.

XS
SM
MD
LG