Достапни линкови

Мичел: Во интерес на САД и Европа е реформиран Балкан


Помошникот државен секретар на САД за европски прашања Вес Мичел во посета на Македонија

Помошникот американски државен секретар за европски и евроазиски прашања Вес Мичел изјави дека заеднички интерес на САД и Европа е реформиран Балкан на патот кон Европската унија. Според него, тие посакуваат и Европа да биде слободна од енергетски уцени на Русија. Во говорот во седиштето на фондацијата Карнеги за Европа во Брисел, Мичел посака светот да остане слободен, територијалниот интегритет на Европа да биде заштитен, а Русија да одговара за „инвазијата врз Украина“.

Тој додаде дека дипломати од САД и Европа со часови телефонски разговарале за нормализација на односите Белград-Приштина и за реформи во БиХ, како и за преговорите за името меѓу Грција и Македонија. Мичел порача дека е многу задоволен од напредокот што е постигнат во преговорите меѓу Македонија и Грција, истакнувајќи дека САД од почетокот учествувале во тие преговори.

XS
SM
MD
LG