Достапни линкови

Талибанците продолжуваат со офанзивата во Авганистан


Припадници на авганистанските безбедносни сили

Во серија на бомбашки напади од страна на талибанците во Авганистан загинале 18 припадници на безбедносните сили и двајца цивили. Нападите се случиле во контролни пунктови во покраините Бадхис и Кандахар.

За време на вториот напад во Кандахар четворица полицајци загинале додека се обидувале да ослободат 33 градежни работници кои биле заложници на талибанците. Нападите се дел од поголема офанзива на милитантите која започна пред два дена и при која загинаа 87 лица.

XS
SM
MD
LG