Достапни линкови

Откриени четири стебла марихуана во јапонскиот Парламент


Илустрација - Седница на јапонскиот Парламент

Во зградата на јапонскиот Парламент во Токио биле пронајдени четири стебла марихуана, објави Би-би-си. Не е познато како тие се нашле во собраниската зграда, а според неофицијални информации, стеблата, кои биле стари околу два месеца, ги забележал посетител кој му пријавил на обезбедувањето.

Според претставници од јапонскиот парламент, семето од канабис, нејверојатно, го донел ветер или било испуштено од птици. Случајот бил пријавен и во јапонската влада, која веднаш испратила двајца инспектори на терен.

XS
SM
MD
LG