Достапни линкови

Столтенберг: Очекувам покана за Македонија


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, очекува Македонија да добие покана на претстојниот Самит на НАТО.

„Она што може да се очекува е дека на Самитот НАТО ќе ја покани поранешната југословенска Република Македонија да ги започне пристапните преговори за членство во Алијансата, а потоа, кога договорот меѓу Скопје и Атина ќе биде финализиран со референдум, ќе може да ја покани земјата да биде и целосна членка на НАТО“, изјави Столтенберг за Слободна Европа.

Првиот човек на Алијансата вели дека во случајот на Македонија е оптимист и дека се надева и очекува на Самитот да биде донесена таква одлука.

„Се разбира, се надевам дека на референдумот мнозинството ќе се изјасни за поддршка на договорот, бидејќи тоа е историска шанса за влез во НАТО и граѓаните на ПЈРМ треба да ја искористат, да кажат да и земјата да се зачлени во НАТО“, рече Столтенберг.

Самитот на НАТО е закажан за 11 и 12 јули годинава.

XS
SM
MD
LG