Достапни линкови

И приватните лекари бараат „Мој термин“


Еднаков третман при инвестирање, уредување, опремување и едукација на здравствениот кадар во јавните и приватните здравствени установи кои се дел од здравствената мрежа и имаат склучени договори со ФЗОМ, можност за вклучување на приватни здравствени установи кои немаат договор со ФЗОМ во економските програми за финансиска поддршка, како и понепосредна и подинамична имплементација на проектот „Учиме од бизнис заедницата“.

Ова се дел од мерките и барањата кои денеска на прес-конференција ги презентираше д-р Борислав Јосифовски, член на Управниот одбор и претставник на приватните здравствени установи во Сојузот на стопански комори на Македонија, а кои, како што посочи, ќе го подобрат работењето на приватните здравствени установи.

Според него, се што има во јавното здравство треба да се преслика во приватното здравство, во кое треба да се воведе и системот за електронски евиденции во здравството „Мој термин“.

XS
SM
MD
LG