Достапни линкови

Арифи: Не очекувам резулат од средбата Тачи - Вучиќ


Марко Ѓуриќ и Авни Арифи, кои се главните преговарачи на Белград и Приштина, денеска во Брисел ќе имаат нова рунда разговори со што по три месечна пауза, продолжува техничкиот дијалог Белград - Приштина.

Средбата на преговарачите ќе биде со посредство на директорката за Западен Балкан во Европската служба за надворешни работи Ангелине Ајнхорст.

Според Арифи, дијалогот е во критична фаза и затоа „не очекува резултати од претсојната средба на претседателите на Косово и на Србија, Хашим Тачи и Александар Вучиќ, во недела во Брисел“.

XS
SM
MD
LG