Достапни линкови

Од денеска и ЕУ ќе царини американски производи


Како одговор на американските царини за европскиот алуминиум и челик, ЕУ од денеска воведува царини за десетици американски производи, тарифи кои се во вредност од речеси 2,8 милијарди евра, објавија западните новински агенции.

Целосното воведување на европските царини за американските производи ќе се случи во јули, но евро-комесарката за трговија, Сесилија Малмстром, изјави дека од денеска ќе се воведат тарифи во вредност од речиси 2,8 милијарди евра за американските производи.

Помеѓу американските производи кои ќе подлежат на новото царинење се и американскиот челик, земјоделски производи, бурбон, кикирики, путер, брусница, сок од портокал...

„Едноставно, немавме друг избор“, изјави Малмстром.

Вчера и Турција воведе царина за над 20 американски производи како одговор на американските царини за европскиот челик и алуминиум.

XS
SM
MD
LG