Достапни линкови

Коѕијас - Договорот од Преспа да е светол пример за проблемите во регионот


Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас

Посакувам договорот од Преспа да се имплементира и да биде светол пример за решавање на проблемите во нашиот регион, рече шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во говорот на почетокот на Конференцијата за стабилност и безбедност на Родос.

Тој истакна дека со постигнатиот компромис во Преспа двете страни покажале дека „никој не може да го презира другиот и никој не може другиот да го стави во ќош“.

„Договорот покажува дека овде немаме спротивставеност меѓу Северномакедонците и Грците, туку имаме спротивставеност, и ова важи за сите конфликти, меѓу силите што сакаат решение и силите на инерција, на кои им одговара нерешавањето и мислат дека може да имаат корист“, рече министерот за надворешни работи на Грција во неговиот говор пред почетокот на првиот работен ден, пренесува МИА.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија објасни дека соработката на северната грчка граница е подобра од лани, а Грција ја поддржува европската перспектива на Македонија и Албанија.

„Земјите Северна Македонија, Албанија, Бугарија и Грција, ја продлабочуваме нашата соработка и од лани започнавме соработка на балканските земји со земјите од Вишеград и го поддржуваме, во овој период, признавам со тешкотии од други страни, почетокот на преговори на Северна Македонија и Албанија со Европската унија, што ќе биде голема придобивка за сите нас, овие две држави што се дел од нашата соработка да влезат во унијата, рече министерот за надворешни работи на Грција“.

XS
SM
MD
LG