Достапни линкови

Девет членки на ЕУ ќе се борат против руските сајбер-напади


Девет земји членки на ЕУ ќе формираат „тимови за брза реакција“ за борба против сајбер нападите, информира Литванија, која е лидер на проектот. Според литванската влада, тие се соочуваат со „непријателски сајбер-активности“ диригирани од Русија. Министерот за одбрана на Литванија, Раимундас Кароблис, за новинската агенција Франс, прес изјави дека тој и неговите колеги од Хрватска, Естонија, Холандија и Романија на 25 јуни во Луксембург ќе го потпишат договорот за формирање на тимовите, а во текот на годинава ќе им се придружат и Финска, Франција, Полска и Шпанија.

Според договорот, ќе бидат формирани тимови од експерти кои треба да им помагаат на властите да се справат на компјутерските напади.

XS
SM
MD
LG