Достапни линкови

Мавраганис: Без 180 гласа за Договорот владата на Ципрас ќе падне


Независни Грци, колаицискиот партнер на грчкиот премиер Алексис Ципрас, не отстапува од барањето Договорот со Македонија во грчкиот парламент да се ратификува со гласовите на 180, наместо 151 пратеник.

Заменик министерот за транспорт и врски на Грција, Никос Мавраганис, од редовите на партијата на Каменос, вели дека без 180 пратеници, Независни Грци ќе се повлечат и владата ќе падне.

Мавраганис, во интервју за грчката телевизија „Скај“, повикувајќи се на членови од Договорот рече дека „потписот од Коѕијас на еден нацрт договор нема никаква правна важност“.

XS
SM
MD
LG