Достапни линкови

Меј: Договорот со Грција ќе ви донесе енормни придобивки


Британската премиерка Тереза Меј со премиерот Зоран Заев за време на нејзината посета на Македонија во април годинава

Британската премиерка Тереза Меј денеска му го честиташе постигнатиот договор помеѓу Македонија и Грција, како и неговата ратификација во македонското Собрание.

„Вакво значајно постигнување не би било возможно без политичката храброст, визија и лидерство, какви што двајцата покажавте. Како што претходно разговаравме во Скопје, решавањето на ова прашање ќе донесе енормни придобивки за двете држави, како и за поширокиот регион“, стои во писмото од премиерката Меј.

XS
SM
MD
LG