Достапни линкови

Онодера: САД и Јапонија мора да бидат воздржани кон Северна Кореја


Јапонскиот министер за одбрана Итсунори Онодера смета дека САД и Јапонија мора да бидат воздржани кон Северна Кореја се додека Пјонгјанг не преземе први чекори кон денуклеаризација.

„Северна Кореја уште мора да покаже конкретни чекори кон денуклеаризација“, изјави Онодера пред состанокот во Токио со првиот човек на американската Индо-пацифичка команда.

Претходно, неименуван претставник на јапонската Влада најави дека Јапонија одлучила да ги стопира воените вежби кои беа дел од подготовката за евентуален ракетен напад од Северна Кореја.

XS
SM
MD
LG