Достапни линкови

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е лицемерна, враќаме нивни стари долгови


Владата одговорно управува со јавните финансии, ја намалува фреквенцијата на задолжување и редовно ги сервисира наталожените долгови. Со дел од средствата од вчерашните аукции се враќаат стари долгови направени од ВМРО-ДПМНЕ. Овие средства се обезбедени со пониски камати во однос на аукциите во минатото кога се движеле и до 4,60%, реагираше владејачката СДСМ на денешните обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ дека Владата и понатаму ја задолжува државата.

„Само во месец јуни по основ на претходни долгови, односно за претходно издадени државни хартии од вредност за исплата доспеваат речиси 30 милиони евра. Лицемерна е ВМРО-ДПМНЕ“, реагираше СДСМ.

XS
SM
MD
LG