Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Го продаваат името и ја задолжуваат државата


„Зоран Заев и криминалниот картел кој го води ја задолжија државата за нови 7.1 милиони евра. Додека го продава името Заев не пропушти да ги задолжи граѓаните, обвини денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Власта се задолжи на 15 години со годишна каматна стапка од 3%. Тоа значи дека за земените 7.1 милион евра за 15 години ќе вратиме 3.2 милиони евра само за камати. Заев зема 7.1, а ќе треба да се вратат 10.3 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија во своето соопштение не прецизира за какво задолжување на државата се работи.

XS
SM
MD
LG