Достапни линкови

Трамп го потпиша указот за спречување на раздвојување на децата


Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша указот со кој се става крај на раздвојувањето на семејствата на мигрантите

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша указот со кој се става крај на раздвојувањето на семејствата на мигрантите кои незаконски влегуваат во Соединетите држави преку мексиканската граница. „Никогаш не сакав семејствата да бидат раздвоени“, изјави Трамп на церемонијата на потпишување на документот. Американската администрација беше критикувана во земјата и странство, бидејќи за неколку недели околу 2300 малолетни деца биле одвоени од родителите. Тоа е дел од мерките на таканаречената политика на нулта толеранција спрема мигрантите на границата со Мексико.

XS
SM
MD
LG