Достапни линкови

Каменос: Ќе се обидеме на кој било начин да го блокираме договорот


Архивска фотографија- лидерот на Независни Грци Панос Каменос

Ќе се обидеме на кој било начин да го блокираме ратификувањето на Договорот и бараме да се гласа со зголемено мнозинство, порача претседателот на Независни Грци и коалиционен партнер во грчката влада, Панос Каменос.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, по вонредната седница на пратеничката група на неговата партија, Каменос ги откри неговите планови во однос на договорот или, како што неколку пати го нарече, „нацрт- договорот“.

Тој откри дека од Ципрас побарал наместо со 151, ратификацијата да биде со 180 гласа од пратениците.

“Не се согласуваме со договорот, бараме 180 пратеници и јавно се обврзуваме дека ќе ја спречиме ратификацијата на Договорот во грчкиот парламент. Грците не треба да се загрижени за овој нацрт договор што не обврзува никој се до ратификацијата, дека за ратификацијата ќе бидеме тука, за на било кој начин да го блокираме ратификувањето”, порача Каменос и објасни дека доколку Ципрас не го прифати предлогот за 180 пратеници, тогаш тие нема да останат во владата.

Лидерот на Независни Грци, изрази убеденост дека Договорот „никогаш нема да дојде во парламентот“, поради тоа што, како што рече „Република Скопје“, нема да ги заврши предвидените обврски.

XS
SM
MD
LG