Достапни линкови

Тимошенко ќе влезе во претседателската трка


Архивска фотографија- украинската опозициска лидерка Јулија Тимошенко

Украинскиот опозициски лидер Јулија Тимошенко објави дека планира да се кандидира на претседателските избори што треба да се одржат во 2019 година. Ова го објави Тимошенко денеска на видео конференција преку нејзиниот профил на социјалната мрежа Фејсбук. Таа рече дека ќе влезе во претседателската трка за да ја застанела Украина на нозе.

“Претседателскиот кабинет за мене не е плеј стејшн, туку место за претставување на реалните промени кои требаат на нашата земја”, рече Тимошенко.

Таа најави и дека ако ја изберат за претседател ќе иницира референдум за нов Устав со кој, како што рече, ќе се демонополизира моќта на властите кои би имале поголема контрола од општеството. Тимошенко рече и дека никогаш нема да престане да се бори Крим и другите источни украински територии да се вратат под контрола на Киев.

XS
SM
MD
LG