Достапни линкови

Ѕанакопулос: Договорот ќе помине во грчкиот парламент без проблеми


Илустрација- зградата на грчкиот парламент

Портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос, на денешниот редовен брифинг со новинарите во Атина, како што јавува МИА рече дека грчката влада не чувствува дека постои политичка цена од договорот. Наспроти тоа, Владата смета дека овој договор „ги обединува во целина демократските и прогресивни граѓани во насока на решавање на проблеми, а не во насока на создавање на проблеми“.

Ѕанакопулос изрази убеденост дека ратификацијата во грчкиот парламент ќе помине без проблеми, а доколку е потребно, владата потоа може да побара и гласање доверба.

“Договорот, верувајте ми, ќе се ратификува од грчкиот парламент со проширено, патриотско и прогресивно мнозинство и доколку во продолжение е потребно, верувајте ми, грчката влада одново ќе добие глас за доверба за да го заокружи четиригодишниот мандат”, објасни портпаролот на грчката влада и министер без ресор.

На прашањето на дописничката на МИА од Атина, за дописите што грчката влада треба да ги испрати до ЕУ и НАТО, Ѕанакопулос не даде јасен одговор, туку рече дека договорот предвидува јасни чекори што треба да се следат, а поканата за Македонија од Северноатлантската алијанса ќе биде под услов, кој ќе се отстрани откако ќе се заврши со референдумот и уставната ревизија кај нас.

XS
SM
MD
LG