Достапни линкови

Избрани јавни обвинители на повеќе обвинителства


Архивска фотографија- Седница на Совет на јавни обвинители

Советот на јавните обвинители на Република Македонија на денешната 44-та седница избра јавни обвинители на повеќе јавни обвинителства.

“За виш јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Штип избран е Тодор Витларов, за основен јавен обвинител на ОЈО Скопје - Сашо Рајчев, за основен јавен обвинител на ОЈО Куманово - Теута Бедиу Рамадани, за основен јавен обвинител на ОЈО Охрид - Зоран Митрески, за основен јавен обвинител на ОЈО Дебар - Неат Црој, за основен јавен обвинител на ОЈО Кичево - Манка Јаневска, за основен јавен обвинител на ОЈО Кочани - Борче Јанев, за основен јавен обвинител на ОЈО Гостивар - Башким Хисени и за основен јавен обвинител на ОЈО Ресен - Реџаил Шерифовски” се наведува во соопштението од Советот на јавните обвинители.

За вршител на должност јавен обвинител на ОЈО Велес е избрана Гордана Тодорова - јавен обвинител велешкото Обвинителство, за вршител на должност јавен обвинител на ОЈО Струга е избран Стојанчо Арнаудоски - јавен обвинител во ОЈО Охрид, а за вршител на должност јавен обвинител на ОЈО Битола е избрана Лиле Талевска - јавен обвинител во битолското Обвинителство.

“За јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, Вишото јавно обвинителство Гостивар, на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Скопје и на Основното јавно обвинителство Кавадарци, на денешната седница не се изврши избор на јавни обвинители и истиот ќе се изврши на една од наредните седници на Советот”, се наведува во соопштението.

XS
SM
MD
LG