Достапни линкови

Хан ја поздрави ратификацијата, побара храброст за идните чекори


Архивска фотографија-еврокомесарот за проширување Јоханес Хан

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на својот профил на социјалната мрежа Твитер ја поздрави ратификацијата во македонскиот парламент на Договорот за спорот со името.

"Ја поздравувам ратификацијата од страна на Собранието. Ова е првиот чекор од многу други кон целосна имплементација. Верувам дека сите политички лидери ќе покажат лидерство и храброст за следните чекори", напиша Хан.

Тој, заедно со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини, посредникот во спорот Метју Нимиц и потсекретарката за политички прашања на Обединетите нации Розмари Ди Карло беа на потпишувањето на Договорот во неделата во Преспа.

XS
SM
MD
LG