Достапни линкови

Спасовски: Полицијата пред Собранието постапи како по книга


Македонските полицајци во неделата беа напаѓани со дрва и бетонски плочи и еден час се воздржуваа за да ја смират ситуацијата, но нивната реакција е резултат на оценката на претпоставените, а можам да кажам дека постапиле правилно, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за судирот на полицајците и демнстрантите за време на неделниот протест пред Собранието против Договорот со Грција.

„Таа постапка на полицијата е како по книга. Тука полицајците имаат целосна поддршка и апелирам до граѓаните кои сакаат да го изразат својот револт, да протестираат мирно, но не смееме да дозволиме да има напад на полицијата ниту пак напад врз некоја од институциите за да не ни се повтори 27 април“, рече Спасовски.

XS
SM
MD
LG