Достапни линкови

Кормак: САД се загрижени поради руското влијание на Балканот


Aмериканската амбасадорка Морин Кормак

Американската амбасадорка во Босна и херцеговина, Морин Кормак, во интервју за порталот Кликс.ба, предупредува дека „моменталната политика на Русија е јасно дефинирана како закана за националната безбедност на САД, а таа констатација се однесува и на руското влијание на Балканот“.

„Нас не загрижува дека тоа што го гледаме тука е малигно руско влијание. Често се чини дека Русија е повеќе фокусирана на нестабилноста и на спречувањето на напредокот на БиХ. Таквите тенденции ширум светот ги загрижуваат Соединетите држави“, изјави амбасадорката во интервјуто.

XS
SM
MD
LG