Достапни линкови

Ратификуван Договорот за името


Собранието, со 69 гласови „за“, без против и воздржани, го усвои законот за ратификација на Договорот со Грција за името.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, како што најавија уште вчера, не учествуваа ниту во расправата, ниту во гласањето за законот.

Грција сега, по ратификувањето во македонскиот Парламент, треба да го извести претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск дека дава поддршка за почеток на членството на Македонија во ЕУ и да го извести генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг дека ја поддржува поканата за НАТО.

По ратификацијата Договорот ќе биде испратен до претседателот Ѓорге Иванов, кој има рок од седум дена да го потпише. Доколку Иванов стави вето, Договорот повторно оди во собраниска процедура, и ќе мора да биде изгласан со апсолутно мнозинство, 61 пратеник треба да гласа „за“. Договорот во тој случај повторно се испраќа до претседателот, кој според Уставот е обврзан да го потпише.

XS
SM
MD
LG