Достапни линкови

Владика Иринеј: Заблуда ќе биде ако Вартоломеј сам одлучи за МПЦ


Српскиот претседател Александар Вучиќ му бакнува рака на владиката Иринеј

Еден од највлијателните српски владици, бачкиот епископ на СПЦ Иринеј, изјави дека би било грешка ако вселенскиот патријарх донесе еднострана одлука за афтокефалност на „канонски непризнаените цркви во Македонија и Украина, бидејќи на тоа би му се спротивставил целиот православен свет“.

„Цариградскиот патријарх е прв меѓу еднаквите, а не прв без еднаквите. Затоа и, не дај Боже, да постои намера на сесветиот патријарх Вартоломеј за некаква еднострана и произволна пресуда во случајот на скопскиот и украинскиот раскол, тоа ќе биде израз на голема заблуда, голема духовна грешка и од аспект на поредокот на православната црква и канонските закони, целосно ништавно“, изјавил владиката Иринеј за српскиот весник „Политика ".

Тој додава дека говори целосно хипотетички, бидејќи длабоко верува дека до тоа нема да дојде.

XS
SM
MD
LG