Достапни линкови

Заев најавува импичмент за Иванов, ако е тоа потребно


Претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев, Скопје, 13.06.2018.

Премиерот Зоран Заев изјави синоќа во интервју за телевизијата „Канал 5“ дека парламентарното мнозинство ќе побара импичмент за претседателот Ѓорге Иванов ако не го потпише договорот со Грција откако граѓаните на референдумот би се изјасниле позитивно. „Има желба за окрупнување на парламентарното мнозинство и тоа ќе го направиме исклучиво за импичмент на претседателот, ако мораме. Граѓаните се тие што ќе решат дали сакаат промена на името, но ако на референдумот договорот се прифати, никој нема право да го попречува нивното мислење“, рече Заев.

XS
SM
MD
LG