Достапни линкови

Судири на полицијата и демонстрантите во Киев


Протести во Украина

Демонстранти, меѓу кои има рудари за јаглен, работници кои чистат во Чернобил и поранешни советските војници од војната во Авганистан, се судрија со полицијата пред украинскиот парламент. Над 2.000 демонстранти се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да влезат во зградата на парламентот за време на демонстрациите. По ова полицијата употреби солзавец, но протестот продолжи. Меѓу демонстрантите има и Украинци кои се бореа во војната со про- руските сепаратисти во источниот дел на земјата. Нивните барања вклучуваат подобрени придобивки за користењето на јавниот транспорт, зголемување на државната поддршка за ветераните со хендикеп и распределба на сретствата за развој на индустријата со јаглен.

XS
SM
MD
LG