Достапни линкови

Мијалков бара да важи помилувањето


Сашо Мијалков пред Суд за „Таргет - Тврдина“

Повикувајќи се на аболицијата што ја донесе претседателот Ѓорге Иванов, адвокатот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, побара судот да ја запре постапката против него во случајот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“.

„Предлагам судот да донесе решение за запирање на постапката кон обвинетиот Сашо Мијалков“, рече адвокатот Љупчо Шврговски и додаде дека одлука на Иванов не може да биде суспендирана со Законот за измените и дополнувањата на Законот за помилувањето.

На Мијалков му се суди за предметот „Таргет-Тврдина“. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година, незаконски биле следени 4.286 телефонски броја за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 5.827 телефонски броја. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани

XS
SM
MD
LG