Достапни линкови

Наскоро тендер за субвенции за нискотарифни авиокомпании


Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески

Тендерот за субвенционирање на нискобуџетните авиокомпании се очекува да биде распишан до крајот на месецов, а заложбата на Владата е што повеќе летови да бидат насочени кон Охрид, информираше денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

„Ќе може да се пријават сите компании кои се заинтересирани што значи дека продолжуваме со субвенцирање на нискобуџетските компании со насочување кон Охридскиот аеродром“, рече Сугарески, не откривајќи повеќе детали околу критериумите во тендерот.

Овој месец истекува договорот за субвенционирање потпишан со нискобуџетската авиокомпанија „Визер“.

XS
SM
MD
LG